Skip to content

Реконструкција на улица во Мал Папрадник

ДАТУМ

октомври 1, 2024

Категории

Како поддршка на развојот и подобрувањето на условите за живот во регионот, реконструиран е главниот пат во населбата Мал Папрадник во Општина Центар Жупа. Овој проект е дел од регионалниот проект „Реконструкција на патната инфраструктура со цел подобрување на туристичката понуда“. Проектот има за цел да ја подобри патната инфраструктура, да го зголеми развојот на руралниот туризам и да го подобри квалитетот на животот на сите жители.

„На овој патен правец се инвестирани над 9 милиони денари, од кои најголем дел доаѓа од Бирото за регионален развој, а дел од општина Центар Жупа. Интервенциите се направени во долниот дел од коловозот, со што во голема мера е подобрена подлогата на патот, а поставен е и новиот асфалтен слој во должина од 1450 метри“, изјави директорот на Центарот за развој на ЈЗПР, Валон Каба.

Проектот „Реконструкција на патната инфраструктура со цел подобрување на туристичката понуда“ е регионален проект што го спроведува Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а се финансира од државниот буџет, преку Програми за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy