Skip to content

Болниците ЈЗУ Кардиологија и ЈЗУ Св. Еразмо со нови инвестиции од Регионот

ДАТУМ

октомври 10, 2024

Категории

Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ реализиран од страна на Центарот за развој на Југозападен плански регион, а со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во болниците „Св.Еразмо“ и Кардиологија, денеска, на свечен начин, беа презентирани проектни резултати од истоимениот проект.

 

На свечената презентација присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија H.e. Вероника Улман, министерот за локална самоуправа г.Златко Перински, в.д.Директорот на Центарот за развој на ЈЗПР, г.Валон Каба, градоначалници од Југозападен регион, како и директорите на двете здравствени установи.

 

Во изјава за медиумите, в.д. Директорот на Центарот за развој на ЈЗПР истакна дека се работи за интервенции во двете јавни здравствени установи во Регионот, со кои што за ЈЗУ Св. Еразмо е набавена нова опрема за одделот за физикална терапија и тоа две галвански кади и лифт за базенот како и апарат за крио-терапија додека пак во ЈЗУ Кардиологија-Охрид се интервенираше во делот на енергетска ефикасност на објектот со поставување на нова термо фасада, нова столарија и замена на кровен покривач, како и набавка на нов ехо апарат и дигитализација на софтверот за следење и мониторирање на пациентите кои се лекуваат во оваа установа. Целта на проектот е да се подобрат услугите кои ги даваат овие две установи, и со тоа и подобрување на квалитетот на живот на пациентите и поттикнување на здравствениот туризам во Регионот, со оглед на фактот дека овие установи се респектабилни во нивната дејност не само во Регионот, туку и пошироко.

 

Во ЈЗУ Кардиологија-Охрид инвестирани се вкупно 23.440.953 денари, од кои 11.323.993 се средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Владата на Швајцарија го поддржа проектот со 9.200.000 денари, а 2.916.960 денари вложи Установата. Проектот во „Св. Еразмо“ е со вредност од 2.473.304 денари, при што 1.927.200 се швајцарска поддршка, а останатите се средства на болницата.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy