Skip to content

Жарко Ристески, нов претседател на Советот за развој

ДАТУМ

октомври 22, 2024

Категории

,

Советот за развој на Југозападен плански регион, на својата 12-та седница, едногласно, за претседател го избра градоначалникот на Општина Македонски Брод, г.Жарко Ристески со мандат од една година. Заблагодарувајќи се на изборот, г. Ристески нагласи дека како Совет потребно е мобилизирање на сите субјекти со цел да се надминат проблемите во функционирањето на општините и јавните комунлани претпријатиа, како и во подобрувањето на квалитетот на услугите кон граѓаните. Во таа смисла, новиот претседател г.Жарко Ристески, како позитивна ја оцени улогата на Советот и на Центарот за развој на Регионот, преку кои се реализираат значајни регионални проекти кои ги подобруваат условите на населението.

 

На денешната редовна седница на Советот за развој, исто така беа разгледани и усвоени точките за одобрување на Комуникациската стратегија за периодот 2024-2026 година на Центарот за развој на ЈЗПР, дополнетиот Финансиски план на Центарот за 2024г, како и се усвои Одлука за распишување на Оглас за избор на Директор на Центарот за развој.

 

Точките од дневен ред и материјали:

Покана и Дневен ред за 12-та Седница

– Усвојување на Записникот од претходната седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион

  1. Предлог-одлука и Одлука за избор на Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион.
  2. Разгледување на дополнет Предлог-Финансиски план на Центарот за развој на Југозападен плански регион за 2024 година.
  3. Предлог-Одлука и Одлука за усвојување на Дополнет-Финансиски план на Центарот за развој на Југозападен плански регион за 2024 година
  4. Разгледување на Комуникациска стратегија за 2024-2026 година за Центарот за развој на Југозападен плански регион.
  5. Предлог-Одлука и Одлука за усвојување на Комуникациската стратегија за 2024-2026 година за Центарот за развој на Југозападен плански регион.
  6. Предлог-Одлука и Одлука за распишување Оглас за избор на Директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион
  7. Разно.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy