Skip to content

Подобрени условите во ЈЗУ Нефрологија Струга

ДАТУМ

декември 16, 2024

Категории

На ден 11.12.2024г, Центарот за развој на ЈЗПР, заедно со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција извршија презентација на резултатите од проектот за Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија-Струга, кој што беше дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.

 

Во изминатиот период, во оваа институција, интервенциите беа поделени во три главни компоненти и тоа, градежни зафати, набавка на опрема и дигитализација. Во делот на градежни зафати, се преземени активности за реконструкција на дел од столарија, осветлувањето во главниот објект како и нов систем за дистрибуција на медицински кислород и целосна реконструкција на објектот Холидеј диализа со нови тавани и подови, нова столарија нова фасада и систем за греење и ладење.

 

Во делот на опрема, за потребите на Нефрологија, набавен е нов агрегат од 440 kVA, поставени се два нови системи од соларни панели, едниот за производство на електрична енергија од 40 kW и другиот систем за санитарна топла вода. Во одделот за нефрологија и бубрежни заболување набавена е нова опрема за реверзна осмоза како и опрема за дијализа и тоа фотелји и мебел.

 

Една од главните компоненти на проектот беше и дигитализацијата на услугите и дигитализација на начинот на работење на самата институција. Во таа насока, е подготвен и инсталиран безжичен систем за дојава на пациенти во 15 соби во одделот за нефрологија, кој што е поврзан со централен компјутер во собата на медицинските сестри. Исто така, во аспект на развивање на здравствениот туризам во Регионот, подготвен е и софтверско решение за онлајн резервации за пациентите кои се на хемодијализа.

 

На свечената промоција, присутни беа директорот на Центарот за развој на ЈЗПР, г.Ваљон Каба, заменик министерот за локална самоуправа, г.Ерќан Селими и директорот на ЈЗУ Нефрологија Јетмир Зиба. За резултатите и бенефитите на проектот, директорот на Центарот за развој истакна: „ЈЗУ Нефрологија Струга е единствена болница во Југозападниот плански регион кој ја третира областа на бубрежни заболувања, па оттаму, имплементацијата на проектот со кој се подобрија условите за нега на пациентите, како и за условите за работа на медицинскиот персонал се од исклучителна важност. Овој проект, заедно со проектот за реконструкција на болницата за срцеви заболувања во Охрид, местоположбата на установите, природните убавини со кои се опкружени, во голема мера создаваат услови за развој на здравствениот туризам во регионот“.

 

Вредноста на целиот проект изнесува 26.043.286 денари. Министерството обезбеди 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, финансики удел има и установата со 4.200.000 денари, додека 1.319.000 денари се средства од буџетот на Општина Струга.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy