Skip to content

Ден на РЕГИОНОТ

ДАТУМ

декември 26, 2024

Категории

На ден 23.12.2024г, за прв пат беше организиран Ден на РЕГИОНОТ во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ кој е финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

 

Целта на одржувањето на Денот на регионалниот развој беше презентација на атрактивни туристички потенцијали во Југозападниот плански региони и можностите за креирање одржлив туризам за цела година со опфаќање на езерскиот туризам, здравствениот, архитектурата, археологијата, религиозните објекти, еко туризмот, авантуристички туризам, кулинарскиот, традицијата и други видови на туризам, со единствена цел секој турист да остане плус денови во Југозападниот регион.

 

За регионалната политка, општините кои припаѓат во Југозападниот регион, визијата, целите и реализираните пројекти за 2024 презентација одржа директорот на Центарот за развој, г-дин Ваљон Каба. Тој истакна дека годината која ја завршуваме била многу добра година за Регионот и за Центарот. Во текот на 2024 година, Центарот за развој успеа да реализира 7 големи проекти, 3 проекти финансирани од Програмите за рамномерен регионален развој, 3 проекти од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија и еден проект финансиран од Прграмата на УНДП.

 

На панел дискусијата на тема „Влијанието на рамномерниот регионален развој кон одржлив урбан и рурален развој на општините“ панелисти беа градоначалникот на Општина Центар Жупа – г. Аријан Ибрахим; г. Владислав Жупан – сектор за локален економски развој во Општина Струга, г-ѓа Ирена Здравевска Спасеска – сектор за туризам и локален економски развој во Општина Охрид, г. Новица Костојчиноски – сектор за економски развој во Општина Вевчани, г-ѓа Милка Стаменкоска – сектор за локален економски развој во Општина Македонски Брод и г. Даниел Ристески – сектор за локален економски развој во Општина Дебрца.

 

Панелистите направија пресек на предностите и недостатоците на изминатава туристичка сезона земајќи ги во предвид урбаните и руралните средини, но исто така се презентира видео записи за промоција на туризмот од 9 општини од ЈЗПР како можни туристички потенцијали.

 

Во втората панел дискусија презентација имаше м-р Валентина Переска од Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Темата на втората панел дискусијата беше „Туристичкиот потенцијал – можност за развој на одржлив туризам во ЈЗПР“

 

Препораките кои се дадоа:

  • Подигнување на свеста кај локалното население и туристите
  • Вклучување на локалното население во носење на одлуките
  • Субвенции за користење на обновливи извори на енергија
  • Воведување на зелени даноци
  • Мерки за зголемување на женско претприемништво
  • Мерки за отворање на нови работни места во рурални средини
  • Креирање на кластери за туризам
  • Поизразена соработка на сите чинители во туризмот
  • Креирање на регионални туристички понуди

 

На настанот беше истакнато дека активностите и проектите кои се реализирани од страна на Центарот за развој на ЈЗПР, имале за цел одржливиот развој и туризмот, животната средина, енергетската ефикасност како и унапредување на комуналната инфраструктура.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy