Skip to content

Нова опрема за ЈЗУ Св.Еразмо

ДАТУМ

февруари 14, 2025

Категории

На ден 11.02.2025 Центарот за развој на Југозападен плански регион на ЈЗУ специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо – Охрид во рамки на проектот  “Опремување на современ центар за физкална терапија во болнцата Св.Еразмо“ му го предаде опремата –  видео сет за интубација, која придонесува кон безбедноста, ефикасноста и квалитетот на здравствената грижа кон пациентите.


Преку ова опрема ЈЗУ Св. Еразмо – Охрид  ќе има:

  • Подобра визуелизација и поголема прецизност – Видео сетот овозможува јасен и зголемен приказ на дишните патишта, што значително ја зголемува точноста при поставувањето на ендотрахеалниот тубус.
  • Безбедност на пациентите – Со минимизирање на ризикот од повреди и компликации, видео сетот помага во заштита на пациентите, особено кај оние со тешки анатомски предизвици.
  • Побрза и поефикасна интубација – Во итни ситуации секоја секунда е важна. Видео сетот овозможува побрзо поставување на тубусот, што е клучно во критични моменти.


Со воведување на напредна медицинска технологија, болницата  го подобрува квалитетот на здравствената заштита и одговара на најновите стандарди во медицината.


Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, додека е финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 1.852.364,00 мкд.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy