Цели на проектот
Со цел да се подобрат услугите, а особено информаирањето на туристите за културните, природните и другите атракции во Југозападниот плански регион, низ овој проект е развиена Андроид ГИС мобилна апликација која што ќе им помогне на туристите за време на нивниот претстој во Регионот. За над стотина атракции, во Регионот, изработени се текстови и фотографии со цел да се изврши нивно претставување, особено кај странската туристичка клиентела. Исто така, поставени се податоци и рути за пешечки и велосипедски патеки во Регионот. Со употреба на модерни ВЕб техники, развиената апликација е во форма на туристички водич со име SW Macedonia Attractions, и истата може бесплатно да се симне од Play store и да се инсталира на Андроид уреди. Финансиски проектот е поддржан одГерманското друштво за меѓународна соработка (GIZ LEIWW+ Програмата) и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Резултати
-Подготвени и текстови и фотографии за над 100 атракции во ЈЗПР;
-Одржани три консултативни средби со сите засегнати страни;
– Креирана ГИС база за туристички атракции во ЈЗПР;
-Креирана и публикувана Андроид ГИС Апликација;
-Промотивен настан, презентација на Андроид ГИС апликација.