Цели на проектот
Основната цел на проектот е организирање и регистрирање на млечното производство од Дебарскиот мирко регион преку промоција на сирењето кое се произведува на традиционален начин. Во рамките на проектот се работи на регистрирање на колективната трговска марка на дебарското сирење. Ова же претставува поттик сите производители на од Дебарскиот крај и од Центар Жупа да пристапат кон примена на иста рецептура за производство на сирење и неговапродажба како колективна марка, што е чекор кон создавање бренд од ова сирење. Се спроведоа пет работилници со млекопроизводителите од Дебар и Центар Жупа со цел да се постигнат следниве цели:
– Постигнат консензус помеѓу двете општини за брендирање на Дебарското сирење;
– Изработена анализа за предностите и недостатоците на регионалниот бренд;
– Избрано и промовирано лого и слоган;
– Изработен Правилник за користење на колективната марка во Дебарскиот регион;
– Мобилизирање на локалните и регионалните ресурси во реализирање на една заедничка идеја која во крајна линија ќе доведе до поинтензивен регионален развој, и
– Подобрување на маркетингот и промозијата и нивните производи.
Резултати
– Пет ораганизирани работилници со околу 80 млекопроизводители;
– Избор на име за Колективната трговска марка (Дебарско сирење);
– Изработен дизајни графичко решение со лого за производот;
– Поднесена пријава до Државниот завод за индустриска сопственост за к.т.марка.