Цели на проектот
Во рамки на проектот “Иновативни решенија за подобар пристап до услуги за локално ниво” се воспостави Мрежа за инклузивен регионален развој на Југозападниот плански регион. На почетокот на 2016 година беше иницирана постапка за воспоставување облик на меѓуопштинска соработка во Југозападниот плански регион. Во периодот од април до октомври 2016 година Советите на деветте општини од регионот донесоа одлуки за воспоставување територијална мрежа. Со поддршка на Минстерството за локална самоуправа и УНДП бешње изготвена и нацрт верзијата на Деловникот за работа на Мрежата за инклузивен регионален развој. На крајот на ноември 2016 година се одржа конститутивна седница на Мрежата на која беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беа избрани претседател и заменик-претседател, а беа презентирани целите и идните активности.
Во текот на 2017 година е изработена и усвоена Програмата, заедно со Акциски план, за работа на мрежата за следните две години. Општата цел на мрежата е континуирано да ги идентификува економските проблеми во руралните подрачја и населени меставо регионот, да нуди решенија за нивно надминување, развивајќи одрќлив систем помеѓу јавниот, невладиниот и приватниот сектор. Активноста е дел од проектот “Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, финансиран од МЛСи УНДП.
Резултати
-Средби на сите засегнати страни од ЈЗПР и иницирање постапка за воспоставување облик на меѓуопштинска соработка;
– Донесени одлуки за воспоставување територијална мрежа од страна на 9-те општини;
-Подготвен и усвоен Деловник за работа на мрежата;
-Подготвена и усвоена Програма, со Акциски план, за работа на мрежата;
– Конститутивна седница на Мрежата за инклузивен регионален развој;
-Формирање на мрежата и работните тела, избор на претседател и заменик-претседател.