Цели на проектот
Општа цел:
Проектот ќе придонесе во заштитата на животната средина и во подобрување на условите за одржлив развој во општините од Југозападниот регион.
Специфични цели:
-Намалување на потрошувачката на топлинска и електрична енергија во 7 јавни објекти во 6 општини во рамки на ЈЗПР преку замена на столарија, поставување термо фасада, изолација на подови и ѕидови, реконструкција на кровови;
– Спречување на топлинските загуби во објектите и намалување на емисија на стакленички гасови преку градежни зафати за енергетска ефикасност
Резултати од проектот
– Поефикасно работење на ЈОУ;
– Намалени трошоци на ЈОУ;
– Намалено загадување на воздухот;
– Заштита на животната средина.