Цели на проектот
Основната цел на проектот е намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија преку замена на прозори, врати, изолација на подови, кровови и ѕидови и поставување на економичен систем за греење во шест училишни објекти во регионот. За три училишта (во Охрид, Дебрца и Центар Жупа) најнапред се изработи техничка докумнетација – основни проекти и ревизија за изведба на мерки/интервенции. Потоа се премина кон конкретна реализација на сетот од мерки за подобрување на енергетската ефикасност во следниве општини, односно училишни објекти: Охрид-ОУ “Кочо Рацин” во Д.Лакочереј, Кичево- СОУ”Мирко Милески” и СОУ “Дрита”, Дебрца- ОУ “Дебрца” во Оровник, Центар Жупа – ОУ”Мустафа Кемал Ататурк” и СОУ”Ата” и ОУ”Неџати Зекирија” во Коџаџик и во Пласница – ОУ”Јунус Емре” во Лисичани.
Во ЈОУДГ “Планински цвет” во Вевчани е поставен систем на сончеви колектори, во ЈОУДГ “8-ми Март-Сонце” во Струга направена е замена на старата столарија со нови ПВЦ прозори и врати, а во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” во Охрид извршена е санација на кровот и на санитарните јазли, поставена е надворешна термо фасада и извршена замена на старата столарија со нови ПВЦ прозори и врати.
Резултати од проектот
-Подготвена техничка документација – три основни проекти со ревизија за 3 уилишни објекти;
– Изолиран под 306 м2, поставен ламинат251 м2, поставени плочки 55 м2;
– Изолирани тавани со парна брана и термо-фасада на површина од 1808 м2;
-Замена на стари со 25 штедливи светилки;
– Замена на стара со нови ПВЦ столарија – 24 врати, 82 прозори со површина од 563 м2;
– Реконструкција на кровови со површина од 2126 м2;
-Изградена котлара на површина од 61 м2 и поставен систем за топловодно греење за 180 корисници;
-30% заштеда на енергија во сите чилишни објекти во кои се направени интервенциите за ЕЕ;
-Поставени кермачки плочки на површина од 278 м2;
-Поставен систем за санитарна топла вода со 3 сончеви колектори и болјер од 150л;
-Поставена термо-фасада на површина од 835 м2;
– Замена на стара со ПВЦ столарија – 23 врати, 104 прозори со површина од 315 м2;
-Реконструкција на кровови со површина од 030 м2.