Краток опис
Центарот за развој низ взаемна соработка со општина Струга и ангажираниот економски оператор работеше на прибирање на потребната документација за изработка на Основниот проект и Инфраструктурниот проект за решавање на проблемот со отпадни води на потегот од н.м. Калишта до н.м.Радожда , струшко. Имено, на овој дел од Охридското Езеро досега не е финализиран т.н. “западен олектор” што треба да ги опфати отпадните води од овие населени места и да ги одведе на третман во главната пречистителна станица во Враништа.
Со проектот планирана е изградба на колектори во должина од 5,2 км, 4 пумпни станици и попратна опрема. Проектот е презентиран пред релевантни претставници од ЕУ Делегацијата во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање со цел да се изнајдат можности за негова реализација. Проектот е финансиран преку шемата за грантови базирана на перформансите, имплементирана од ГИЗ РЕД Програмата и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Резултати
-Ажурирани геодетски подлоги;
– Геомеханички елаборат;
– Урбанистичко-планска документација;
– Проект за линиска инфраструктура;
– Основен проект за примарни колектори;
– Ревизија на проект за линиска инфраструктура;
– Ревизија на основен проект за примарни колектори.