Skip to content

Изработка на документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски Регион

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот
Во текот на 2016 година одржани се три консултативни работилници со сите засегнати страни од Регионот, а извршени се и јавни презентации на Регионалниот план за управување со отпад и Стратешката оцена за влијанието врз животната средина на ниво на микро регион – Струга, Кичево и Дебар. Исто така, во два наврати, беа подготвени ад хок извештаи, како претходница, на регионалниот план за управување со отпад и на Физибилити студијата на системотза интегрирано управување со отпад. За подготовка на споменатите документи проектниот тим направи сеопфатна анализа на постојната документација, анализа на работата на ЈКП, теренски посети на депониите, мерење на депонираниот отпад со анализа на неговата структура и анализа на геолошката структура на потенцијалните локации за регионалната депонија. До крајот на 2017г треба да се изработат кљчните документи по што ќе може да се пристапи кон изградба на систем за интегрирано управување со отпад во Југозападниот плански регион за што се потребни околу 27 милиони евра.
Проектот е инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на ИПА инструментите, а имплементиран од страна на конзорциумот ENVIROPLAN S.A. (лидер) – LOUIS BERGER, BiPRO GmbH, EPEM S.A., SLR Consulting Ltd.
Резултати
-Анализа на национални, регионални и локални стратешки документи;
-Организирани три работилници со засегнати страни;
-Теренски посети, мерење на отпадот, анализа на структурата на отпадот;
-Подготвени два ад хок извештаи;
-Подготвен Регионален план за правување со отпад за ЈЗПР;
-Подготвена Стратешка оценка за влијаниетоврз животната средина, во тек на 1 месе ставена на јавен увид пред граѓаните;
-Презентации и јавна рапсрава по Регионалниот план за управување со отпад и Стратешка оценка за влијанието врз животната средина.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram