Набавената опрема – три електро акустични детектори – е дадена на користење на 3 општини од Југозападниот плански регион – Струга, Кичево и Дебар. Со овие инструменти навремено се идентификуваат пречките во водоводната мрежа, дносно дефектите се откриват брзо и лесно, а со што санацијата ќе биде побрза. Со ова се намалува губитокот на водите во регионот и граѓаните ќе имат помалку прекини на вода. Од друга страна, јавните комунални претпријатиа, ќе бидат поефикасни и ќе штедат на време и трошоци при интервенциите на водоводните системи.
Основни цели на проектот се:
а) Набавка на инструменти за детектирање на губиток на водата
б) Зачувување на квалитетот на водата во општините од регионот
в) Зачувување на губитокот на водите во регионот
г) Брзо решавање на проблемот со водата и ефикасно санирање на дефекти
Локација на проектот во однос на Центарот на планскиот регион
Набавените инструменти ќе им бидат на располагање на сите 13 општини во регионот.
Партнери во проектот
Сите 13 општини од Југозападен регион (Струга, Охрид, Кичево, Дебар, Македонски Брод, Зајас, Осломеј, Другово, Вранештица, Пласница, Вевчани, Дебрца и Центар Жупа).