Skip to content

Организирање каравани со фолклорни групи, презентација на традиционалната храна и носии, и етно претстави во 13-те општини од Југозападниот плански регион

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Основните цели на проектот се зачувување на традициите и оптималното искористување на културното богатство во Југозападниот плански регион во насока на подобрување на туристичката понуда. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерствот за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2011 година.

Партнери во проектот

Сите 13 општини (Струга, Охрид, Вевчани, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Пласница, Вранештица, Македонски Брод, Осломеј и Зајас)  во рамките на Југозападниот плански регион се партнери во реализацијата на проектот.

За да се постигнат дефинираните цели, Центарот за развој на Југозападниот плански регион преку овој проект ќе ги реализира следните активности

1. Аматерски театарски претстави

Се изведоа две нови театарски претстави, една на македонски јазик и една на албански јазик. Претставата на македонски јазик се играше во Општина вевчани, Македонски Брод, Охрид и Кичево, додека претставата на албански јазик во Општините Зајас, Дебар и Струга. Претставите имаа можност да ги следат заинтересирани граѓани од регионот и туристи, и истите се бесплатни.

2. Презентација на традиционална храна и носии

Во кичевскиот микро регион ќе се одржи презентација на традиционалната храна и традиционални носии. Се презентираа сите општини со нивните културни богатства, носии, фолклорни групи и традиционална храна. Манифестацијата беше од отворен тип со гости од земјата и странство и присуство на медиумите.

Галерија

Парнерски општини: Струга, Охрид, Вевчани, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Пласница, Вранештица, Македонски Брод, Осломеј и Зајас
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram