Краток опис
Главна цел на проектот е изработка на техничко решение за пречистителна станица за отпадни води, со која на оптимален начин, ќе се третираат фекалните води од н.м. Центар Жупа, Мал Папрадник, Житинени, Броштица и Бајрамовци во Општина Центар Жупа. Со изработката на Основниот проект се создаваат услови за прифаќање и третман на орпадни води, со што долгорочно ќе се намалува внесот на отпадни води во Дебарското Езеро.
Резултати
-Ажурирани геодетски подлоги;
-Геодетски елаборат;
– Геомеханички елаборат;
– Урбанистичко-планска документација;
-Основен проект за пречисителна станица;
-Ревизија на основен проект за пречистителна станица.