Skip to content

Пешачки и велосипедски патеки околу Охридското Езеро и долж течението на Црн Дрим

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот
Основната цел на проектот е да придонесе во економскиот развојна Регионот преку развивање на алтернативни форми на туризам и збогатување на туристичката понуда во текот на целата година, при што како основа за неговата подготовка е земена претходно изработената Студија за пешачки и велосипедски патеки во ЈЗПР.
Како резултат на проектните активности изработени се: Инфраструктурен и Основен проект (со ревизија) за изградба на комбинирани пешачки и велосипедски патеки, Елаборати за заштита на животната средина и бележење на сообраќајната сигнализација. Во проектот се дефинирани и опфатени шест делници: Охрид-Струга, ХЦ Шпиље-Дебар, Дебар-Бањиште, Центар Жупа-Дебарски Остров, Дебар-Долно Косоврасти и Центар Жупа-Мелнички мост. Вкупната должина на проектираните – омбинирани – патеки е 31 км, а за чија изградба потребни се 1,7 милиони евра.
Резултати од проектот
– Изработена техничка документација (Инфраструктурени Основен проект – се ревизја – за изградба на комбиниранби пешачки и велосипедски патеки, Елаборати за заштита на животната средина и бележење на сообраќајната сигнализација) за 6 делници со вкупна должина од 31 км;
– Организирани три работни состаноци во Струга, Охрид и Дебар со претставници од Економскиот оператор, Центарот за развој и општините Струга, Охрид, Дебар и Центар Жупа;
– Организиран промотивен настан за презентирање на проектните резултати.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram