Цели на проектот
Патната мрежа во Југозападниот регион е недоразивена, постојната состојба на дел од патните правци во целиот регион е во релативно лоша состојба, пред се, еден дел поради оштетените коловозни површини и ги немаат соодветните технички елементи а другиот дел поради немање на локални патишта кои ќе ги поврзат подобро општините во регионот.
Проектот ќе има дирекно влијание врз три компоненти:
– економски раст
– подобрување на туристичката патна инфраструктура
– еколошката компонента
Резултати
-Подобрување на патната инфраструктура и намалување на трошоците за гориво преку припрема на техничка документација за патишта со вкупна должина од 33 км во 6 општини од Југозападниот регион;
-Подобрување на патната инфраструктура и зголемување на можностите за рурален развој преку подготовка на техничка документација за нови патишта во руралните средини;
-Збогатување на туристичката понуда во ЈЗПР преку подготовка на техничка документација за изградба на патишта кои водат до атрактивни места.