Цели на проектот
Општа цел:
Основната проектна цел е поддршка на регионалниот економски развој преку подобрување на туристичката економска дејност, културата во Југозападниот плански регион и другите сектори на локалната/регионалната економија преку клучни инфраструктурни подобрувања и активности на економско поврзување во Регионот.
Спроведувањето на проектните компоненти ќе придонесе за значителни економски придобивки на ниво на регионалната економија, како и на квалитетот на живот во поизолираните рурални области.
Специфични цели:
Повисоки стратешки цели кои се остваруваат со реализацијата на овој регионален проект се следниве меѓусебно поврзани цели:
- Подобрување на квалитетот и економските придобивки од регионалните туристички активности на локалните чинители во туризмот (зголемени приходи и добивки);
- Подобрен економски стандард на населението, и
Подобрена перцепција, од страна на странските туристи за регионот како туристичка дестинација на долг рок.
Резултати
- Модерно уредена и реконструирана сообраќајницата Јане Сандански во Охрид
- Модерно уредена и реконструирана сообраќајница во стариот дел на Струга
- Модерно уредена и реконструирана сообраќајницата од Центар Жупа до н.м. Бајрамовци
- Партерно уреден просторот кај Туристичкиот центар во Вевчани