Цели на проектот
Општа цел
Основна цел (проектна намера) на проектот е подобрување на енергетската ефикасност на постоечки јавни општински објекти од регионално значење и намалување на годишните трошоци за греење и ладење, преку превземање на енергетски ефикасни мерки и изградба на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија.
Специфични цели
Повисоки стратешки цели кое се остваруваат со реализацијата на овој регионален проект се следниве меѓусебно поврзани цели:
- Намалување на загадувањето на животната средина и подигнување на енергетската ефикасност на јавните објекти преку реализација на повеќе инвестициски активности во 7 општини поврзани со енергетска ефикасност и производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
- Намалување на емисија на загадувачки материи (честички, CO2, SO2, NOx) како еквивалент на CO2 од согорување на фосилни горива (ЕЛ Масло за ложење и дрва за горење) преку зфати за подобрување на енергетската ефикасност на 13 јавни објекти и производство на електрична енергија од ОИЕ.
Резултати
- Намалени трошоци на јавните објекти
- Произведена електрична енергија од ОИЕ
- Намалено загадување на воздухот
- Подобрена заштита на животната средина