Цели на проектот
Општа цел
Основна цел (проектна намера) на проектот е подобрување на енергетската ефикасност на постоечки јавни општински објекти од регионално значење и намалување на годишните трошоци за греење, ладење и прочистување на воздухот, преку превземање на енергетски ефикасни мерки.
Специфични цели
Повисоки стратешки цели кое се остваруваат со реализацијата на овој регионален проект се следниве меѓусебно поврзани цели:
- Намалување на емисија на загадувачки материи (честички, CO2, SO2, NOx) како еквивалент на CO2 од согорување на фосилни горива (ЕЛ Масло за ложење и дрва за горење) преку зфати за подобрување на енергетската ефикасност на 5 јавни објекти.
- Подобрен квалитет на живот на локалната заедница
- Финансиски заштеди за општините и јавните претпријатија и установи
Резултати
- Намалени трошоци на јавните објекти
- Намалено загадување на воздухот
- Подобрена заштита на животната средина