Цели на проектот
Општа цел:
Основна цел (проектна намера) на проектот е подобрување на енергетската ефикасност на постоечки јавни општински објекти од регионално значење и намалување на годишните трошоци за греење и ладење, како и подобрување со управувањето врз животната средина во регионот преку намалување на загадувањето врз почвата и водите во регионот.
Специфични цели:
Повисоки стратешки цели кое се остваруваат со реализацијата на овој регионален проект се следниве меѓусебно поврзани цели:
- Намалување на емисија на загадувачки материи (честички, CO2, SO2, NOx) како еквивалент на CO2 од согорување на фосилни горива (ЕЛ Масло за ложење и дрва за горење)
- Намалување на емисија на стакленички гасови
- Намален ризик од заболување предизвикано од отпадни води и несанитарно одведен комунален отпад
- Подобрен квалитет на живот на локалната заедница
Резултати од проектот:
- Намалена годишна потреба од топлинска енергија, ОУ Фаик Коница
- Намалена годишна потреба од топлинска енергија, ПП Дом Дебар
- Намалена годишна потреба од топлинска енергија, Дом на Куптура Требеништа, Општина Дебрца
- Количина на селектиран и одведен комунален отпад во Општина Пласница
- Приклучени еквивалент жители на ПС Македонски Брод
- Опоравок и рехабилитација на лица со телесен инвалидитет