Партнери
13 општини од Југозападен плански регион (Струга, Охрид, Кичево, Дебар, Македонски Брод,Зајас, Осломеј, Пласница, Другово, Вевчани, Центар Жупа, Дебрца и Вранештица).
Цели на проектот
Развој на земјоделството и поттикнување на руралниот развој преку едукација на земјоделците и млекопроизводителите во Jугозападниот плански регион и промоција на претпознатливите производи од Југозападен регион.
Очекувани резултати од проектот
– Едукација на заинтересираните земјоделци и на млекопроизводители- индивидуалци од југозападниот регион за подобрување на квалитетот на земјоделските култури и млечните производи;
– Подобрување на маркетингот, промоцијата и обезбедување на пласман за производите како на домашниот пазар, така и на регионалните и европските пазари;
– Стимулирање на производството на карактеристични и препознатливи производи за овој регион и производство на здрава органска храна;
– Креирање мрежа или конзорциум на земјоделците и млекопроизводителите во југозападниот регион.
Времетраење
12 месеци