Една од основните задачи на Центарот за развој, согласно поставените приоритети во Програмата за развој, е да се врши реконструкција, модернизација и проширување на системите за пречистување на отпадните води преку изработка на техничка документација.
Во тој контекст во текот на декември 2012 година од страна на ангажираниот економски оператор извршена е Ревизија на Основниот проект за колектор во Општина Дебрца со што проектот е целосно завршен.
Резултати
– Три работни средби на експертскиот тим,
– Извршена ревизија на проектот и јавна презентација на истиот.