Skip to content

Регионална стратегија за иновации

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот
Стратегијата ја изработи експертски тим со цел да се поттикне и зголеми иновативноста во Регионот. Кључниот фокус е насочен кон зголемување на конкурентноста на локалните и регионалните мали и средни претпријатија, во насока на градење на економијата базирана на знаење. Акцент е ставен и врз јакнењето на врските и соработката меѓу истражувачките центри, бизнисот, администрацијата и невладиниот сектор. Во рамките на Стратегијата е изработен и тригодишен Акциски план за периодот 2017-2020 во кој што се дефинирани конкретни прокетни активности.
Стратегијата е изработена како дел од проектот “Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор”, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и ГИЗ ЛЕИВВ+ Програмата.
Резултати
-Анализирани 13 стратешки документи
-Организирани 2 консултативни средби со 45 претставници од засегнатите страни
-Направени 3 консултативни посети во општините
-Испратени 300 прашалници, пополнети и анализирани 36 прашалници
-Изработена Регионална стратегија за иновации
-Изработен Акциски план

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram