Основните цели на проектот се подигнување на јавната свест за селектирање на пластичниот отпад и хартија и иницирање на почетна фаза на интегриран менаџмент на цврстиот отпад во Југозападниот регион.
Сите 13 општини (Струга, Охрид, Вевчани, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Пласница, Вранештица, Македонски Брод, Осломеј и Зајас) во рамките на Југозападниот плански регион се партнери во реализацијата на проектот и јавните комунални претпријатија од 13 Општини.
Резултати:
– Извршено дефинирање на локации за поставување на контејнери во 13-те општини
– Донирани 402 контејнери на сите 13 општини од регионот со цел отпочнување на процесот на селектирање на отпад
– Извршена медиумска кампања за селекција на отпадот по пат на изработка на флаери и емитуван ТВ спот