Цели на проектот
Намалувањето на отпадот и елиминирање на дивите депони со градежен шут е основа цел на проектот. Со Студијата, пак, се даваат алтернативни решенија за собирање и третирање на градежниот шут, како основен материјал за искористување за други цели во сите општини во регионот. Студијата е завршена во октомври 2014г и истата е презентирана пред засегнатите страни од Регионот.
Резултати од проектот
– Анализа на постојна документација;
– Теренски истражувања;
– Изготвена работна верзија на физибилити студија и нејзина презентација;
– Усвоена финална верзија на физибилити студијата и нејзино печатење.