Партнери
6 општини од Југозападен плански регион (Кичево, Зајас, Осломеј, Пласница, Другово и Вранештица).
Цели на проектот
Да се изработи Студија за решавање на проблемот со отпадни води во општините Кичево, Зајас, Осломеј, Пласница, Другово и Вранештица. Со изградбата, пак, на системот за третман на отпадните води во Кичевскиот микро-регион се оздаваат услови за спречување на натамошното загадување на животната средина во населените места, и зголемување на нивото на чистота на реката Треска. За пречистување на отпадните води, планирана е изградба на колекторски систем во должина од 65 километри и три пречистителни станици (Кичево, Поповјани и Пласница).
Резултати
– Физибилити студија за третман на отпадни води во Кичевскиот микро-регион;
– Физибилити студијата е преведена на англиски јазик, со цел да послужи како основа при барањето финансискисредства за реализација на системот од странски донатори;
– Идеен проект за колекторски систем во Пласница и Вранештица.
Времетраење
12 месеци