Skip to content

Техничка документација за надградба на ПСОВ Враништа, проширување на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро и одвојување на фекалните од атмосферските води во Охрид и Струга

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот
Центарот за развој на ЈЗПР, во изминатиот пеод, подготви Студија за собирање и третман на отпадните води по течението на река Црн Дрим (Струга-Дебар), Студија за собирање и третман на отпадните води од Градиште до Св.Наум (Охрид), Основен проект за изградба на колектори од Калишта до Радожда (Струга) и Основен проект за фекална канализација во Вевчани и Струшко, со финансиска поддршка од Владата на РМ, преку Програмите за РРР, и донаторски средства од ГИЗ РЕД Програмата и Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Изработените окуметни се на високо техничко ниво и согласно ЕУ директивите, и истите еа доставени и презентирани во Министерство за животна средина и просторно планирање. Врз основа на овие документи, одобрени се 10 милиони евра од Делегација на ЕУ во Македонија, преку ИПА3 Компонентата за регионален развој, со кои што се подготви потребната дополнителна техничка документација. Во втората фаза треба да се пристапи кон надградба на пречистителна станица во Враништа, изградба на западниот колектор од калишта до Радожда, и одвојување на атмосферската од фекалната канализација во Охрид и Струга.
Резултати од проектот
– Изработена потребната техничка документација согласно стандардите на ЕУ (Физибилити студија, Анализа на трошоци и добивки, основни проекти и ревизија, и комплетнадополнителна документација);
– Организирани шест работни состаноци во Струга, Охрид и Скопје со претставници од експертскиот тим, МЖСПП, Општините Струга, Охрид и Вевчани и МЈП “Проаква”.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram