Цели на проектот
Основната цел на рпеоктот е изготвување на урбанистички планови за вон-населените места и села во општините во Југозападниот плански регион, како добра основа за развој на инфраструктурата, економијата, социјалата и просторната кохезија во рамки на една општина, и во рамки на Регионот. Со проектот изработени се урбанистички планови за 35 села со вкупна површина од 540 ха.
Резултати
– Урбанистичка планска документација за 21 село во општина Струга;
– Урбанистички планови за 3 села во општина Дебар;
– Урбанистички планови за 10 села во општина Дебрца;
– Урбанистички планови за Центар Жупа.