Целта на проектот е да се намали деградацијата на квалитетот на водата (на источното крајбрежје) на Охридското Езеро, и особено да се дефинираат и понудат хајповолните технички и економско-финансиски решенија, кои потоа би послужиле како основа за натамошна реализација на проектот, преку изработка на детална техничка документација со основен проект и изведба на самиот систем за одведување на отпадните води од регионот Градиште до Комплексот Св.Наум.
Студијата беше финализирана во текот на јануари 2012г., по што истата беше претставена пред Советот на планскиот регион. Документот е презентиран и пред потенцијалните донатори со цел истиот да се користи како аргумент или базичен документ за обезбедување средства од странски донатори, особено преку ИПА фондови наменети за регионален развој.
Резултати
– Пет работни средби на експертскиот тим
– изработена Студија и јавна презентација на истата