Целта на проектот е да се добие оптимално техничко решение за начинот на одведување на отпадните води од регионот на село Трпејца, село Љубаништа и Комплексот Св. Наум. Тоа претставува основа за изведување на следните фази за реализирање на одведувањето на урбаните отпадни води од овој регион (изработка на детална техничка документација – Основен проект и изведба на усвоената варијанта).
Партнери во проектот
3 општини Охрид ,Струга и Дебрца се партнери во реализацијата на проектот. Улогата на општините ќе биде активно да се вклучат во имплементацијата на проектот и да ги стават на располагање сите постојни документи и податоци кои се поврзани со проблемот што го третира истиот.