Партнери
Општина Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа
Во рамки на овој проект се работеше на изнаоѓање на соодветни технички решенија и можности за третирање на отпадните води што се влеваат во реката Црн Дрим на потегот од Струга до Дебар.
Во текот на подготовката на работната верзија и на финалниот документ беа организирани поголем број средби со стручни лица од Општина Струга, Вевчани и Дебар, а покрај тоа беше извршена презентација и пред градоначалниците од споменатите општини. Студијата е завршена во текот на ноември 2013. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2013 година.
Резултати
– Пет работни средби на експертскиот тим,
– Изработена Студија и јавна презентација на истата.