Во рамки на овој проект се реализирани следниве основни проекти за реконструкција на патната инфраструктура и атмосферските води во ЈЗПР:
- Основен проект за реконструкцијна на локален пат од с. Требеништа до с. Мислешево (крак 1 и крак 2);
- Основен проект за реконструкцијна на локален пат од с. Мешеишта до манастир Св. Илија (крак 1 и крак 2);
- Основен проект за реконструкциј на на локален пат од с.Мешеишта до с.Волино;
- Основен проект за реконструкција на локален пат с.Злести;
- Основен проект за изградба на локален пат од Кичево (населба Бичини), с.Мамудовци до с. Стрелци;
- Основен проект за реконструкција и проширување на локален пат од с.Стрелци до с. Шутово.
- Основен проект за изградба на собирна улица „ С 2„ од улица „Туристичка„ до улица „Партизанска„, Општина Струга;
- Основен проект за реконструкција на улица „7-ми Ноември„ во г.Охрид
- Основен проект за реконструкција на улица „Абас Емин„ во г. Охрид;
- Основен проект за реконструкција и изградба на улици: ,,Алопој – Гогој„, „Русеј- Вевчански Извори„, „Мурцеј-Дрење„,Ќитаној 3„, „Костојчини 3„, „Ќежој 1„, „Даскалој 1„, општина Вевчани;
-
Основен проект за изградба на атмосферска канализација на улица во дел УЕ 8 – Собирна улица С2 со должина од 422м, Сервисна улица Се 2 должина од 422м; Сервисна улица Се2 со должина од 810 м во г. Струга;