Цели на проектот
Општа цел:
Основна цел на проектот е подобрување на капацитетите на јавните комунални претпријатија во Југозападниот плански регион преку набавка на опрема. Спроведувањето на проектните компоненти ќе придонесе да се подобрат услугите за сите корисници во 9-те општини од Регионот.
Специфична цел:
Подобрување на услугите на јавните комунални претпријатија во сите општини од Регионот, преку набавка на нова и современа опрема – возила, механизација и други вид на средства за зајакнување на капацитетите.
Резултати:
- Набавен 1 трактор, плуг за снег и соларка
- Набавен 1 камион кипер со двојна кабина
- Набавен 1 трактор со кабина и приколка за шмукање фекалии
- Набавени 250 канти за отпадоци 240 l
- Набавени алати и други помошни средства за работа: Мешалка за бетон, Моторна коса, Агрегат, Пумпа, Брусилица, Ударен чекан, Електрична дупчалка.
- Набавени 6 резачки за асфалт и 6 вибро плочи
- Набавено 1 возило-кипер