Skip to content

Изработка на студија за туристичките потенциали во Југозападниот регион

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Во рамките на Студијата се спроведени поголем број активности, а првата се однесува на анализа на туристичката и хотелско – угостителската дејност и БДП на Република Македонија, врз основа на што е пристапено кон апроксимативна проекција на развојот. Со оглед на тоа што не беше можно релевантноста да се добие само преку секундарни истажувања, неопходно се звршија примарни истраќувања, кои беа од теренски карактер. Во таа насока се спроведе анкета врз репрезентативен примерок на посетители во Регионот, а покрај тоа посебен прашалник беше изготвен за претставниците од секторот и општините. Врз основа на сублимираните резултати, во Студијата е поместен и Акциски план. Студијата е преведена на англиски јазик и истата е презентирана пред Советот за развој на Југозападниот плански регион во текот на ноември 2013. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министертвото за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2013 година.

Резултати од проектот
– 15 работни средби на експертскиот тим;
– Една работна средба со претставници на ЛЕР канцеларии;
– Една работна средба со градоначалниците од Регионот;
– Изработен прашалник за анкета на посетители на регионот;
– Спроведена анкета врз репрезентативен примерок на посетители на Регионот;
– Изработен прашалник за анкета со претставници на ЛЕР канцаларии и претставници на хотелско-угостителскиот сектор;
– Спроведена анкета со претставници на ЛЕР канцеларии, хотели, ресторании агенции;
– База на податоци од реализирана анкета;
– Една јавна презентација на работната верзија на Студијата;
– Изготвена Студија за туристичките потенцијали;
– Превод, лектура и коректура на англиската верзија на Студијата;
– Печатена верзија на Студијата на македонски јазик.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram