Пласница, 08.03.2022г, Денес, во Општина Пласница на Јавното комунално претпријатие од оваа општина, му се предадени контејнери за собирање на отпад, а кои ќе бидат доделени на граѓаните и правните субјекти за понатамошно користење. Од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион набавени се 59 контејнери од 1100 литри и 258 пластични контејнери од 120 литри, со што ќе се подобри работата на јавното комунално претпријатие во сегментот на управување со комуналниот отпад во домаќинствата и кај правните субјекти. Активностите во Општина Пласница се дел од проектот „Подигнување на енергетската ефикасност во јавните објекти и заштита на животната средина во ЈЗПР“, што го спроведува Центарот за развој на ЈЗПР, одобрен од страна на Министерство за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.