Центарот за развој на Југозападниот плански регион ги врши стручните работи кои се од особено значење за регионот. Според Законот зa рамномерен регионален развој седиштето е во општината која има најголем број жители, а во конкретниот случај тоа е Струга.

Основната задача на ова стручно тело е да ја изготви Програмата за развој на регионот, во соработка со стручната и научната јавност, како и акционите планови за најзина реализација. Главните активности се одвиваат преку подготовка и имплементација на проекти. Покрај тоа Центарот за развој силно е посветен на јакнењето на меѓуопштинската соработка, а врши промоција на развојните можности на регионот. Особено значајно е да се истакне можноста за соработка со регионалните власти од другите земји, зашто една од основните опредeлби на ЕУ е токму јакнење на регионалниот развој. Соработува со општините од регионот и им помага во обезбедување стручна и техничка помош при подготовка на нивните програми за развој, како и на здруженијата на граѓани при подготовката на проекти од областа на регионалниот развој.

Работата на Центарот е тесно поврзана со Советот за регионален развој на Југозападниот плански регион, за чии потреби ги врши стручните и административните работи.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион го основаа 13-те општини од овој плански регион со одлуки на Советите, донесени во текот на 2008 година. Од први јули 2009 година тимот на Центарот започнува со оперативна работа. Центарот за развој на Југозападниот плански регион има пет вработени: раководител, три проект координатори и администратор.

Согласно Законот за рамномерен регионален развој, Центарот за развој на планскиот регион ги врши следниве работи:

  • ја изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион,
  • изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион,
  • подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби,
  • ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион,
  • обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој,
  • обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој,
  • обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој,
  • ја поттикнува меѓуопштинската соработка во рамките на планскиот развој,
  • спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори,
  • врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
  • врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.

Тим

IMG-acfda0d09baa1426735d3ee50658e479-V

Валон Каба

в.д. Директор на Центарот

Дипломиран економист - Бизнис администрација/ финансии

web

Бесијана Мерко

Администратор

Дипломиран правник

arberesa

Арбереша Влаши

Регионален координатор

Дипломиран економист - бизнис администрација

Совет на планскиот регион

Советот за развој на Југозападниот плански регион е тело за усогласување и спроведување на политиката за развој, и него го сочинуваат градоначалниците на ЕЛС од регионот. Ова тело ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој, како што се: Програмата за развој, Акционите планови, Годишните листи на приоритетни проекти и сл. Советот е посветен на јакнењето на меѓуопштинската и прекуграничната соработка, како и на координацијата на главните субјекти во рамките на општините, кои работат на регионалниот развој.

Членови на Советот за развој на Југозападниот плански регион се: