Skip to content

RECONSTRUCTION OF MOMCHILO JORDANOSKI ROAD IN OHRID

DATE

July 12, 2022

Categories

08 јули 2022, Охрид    Завршија градежните активности на улицата „Момчило Јорданоски“ од пресекот со улицата „Марко Цепенков“ до нагорнината од населбата „Гоце Делчев“, со што граѓаните од овој дел на градот добија модерно и безбедно сообраќајно решение. Со проектот што го имплементира Центарот за развој на Југозападниот плански регион извршена е рехабилитација на улицата во должина од 400 м и широчина од 9 м, поставен е нов асфалтен слој, а од двете страни на коловозот поставени се рабници и тротоари со што значајно се подобрени условите за безбедност на пешаците.

Паралелно со овие активности, од страна на  Општина Охрид, како партнер во проектот, беше иницирано со обезбедените дополнителни средства од нивна страна да се изврши поставување на атмосферска канализација, со што значајно се подобри комуналната инфраструктура во овој дел на градот.

Вчера, градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, заедно со директорката на Центарот за развој  на Југозападниот плански регион, м-р Мирјана Лозаноска, извршија увид врз  изведувањето на завршните работи, при што градоначалникот Пецаков изрази задоволство од проектот и истакна дека улицата „Момчило Јорданоски“ доби нов лик, а граѓаните подобри и побезбедни услови.

Вкупната инвестиција е во висина од 10,5 милиони денари, од кој 6,3 милиони се обезбедени од националниот буџет, а останатите од Општина Охрид. Реконструкцијата на работите на улицата „Момчило Јорданоски“ е дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, што го имплементира Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за  регионален развој.

 

 

Share:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy