Јавен повик за искажување интересна општини од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен,Североисточен и Вардарски регион за учество во Регионална програма залокална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2)
Регионалната програма за локална демократија 2(ReLOaD2), проект кој е финансиран од Европската унија (ЕУ) а го спроведуваПрограмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започна на 1 јануари 2021година. Во текотот на следните 4 години проектот ќе има за цел да ја зајакнепартиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ прекузајакнување на граѓанското општество и младите со цел активно учество водонесувањето одлуки како и подобрување на правното и финансиското опкружувањеза граѓанските организации (ГО). Проектот е финансиран од Европската унија, одИнструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупната вредност на проектот е 13милиони евра, а вредноста на компонентата за Северна Македонија е 1,24 милиониевра.
Општините од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен,Североисточен и Вардарски регион кои не учествуваа во претходната фаза наReLOaD проектот се поканети да изразат интерес за учествуво во ReLOaD2. Со овојјавен повик, ќе бидат избрани 5 партнерски општини кои ќе бидат поддржани вопонатамошниот развој за транспарентно финансирање на проекти на ГОи.
Поднесување на апликацијата ирокови
Условите за пријавување и критериумите за избор на партнерски општини сеопишани во Упатството за апликанти (Група 2). Сите документи, составен дел наапликацијата, се објавени на следните веб-страници: www.mk.undp.org , www.zels.org.mk. Повикот е отворен вопериодот од 20 април 2021 година до 21 мај 2021 година.
Информативните сесии за јавниот повик ќе се одржат преку платформата ЗООМна 29 април и 6 мај, а дополнителните информации за овие сесии ќе бидатобјавени на горенаведените веб-страници.
Документацијата за апликацијата треба да се поднесе во една (1)оригинална копија и една електронска копија (CD или USB) во запечатеноплико по препорачана пошта, преку курирска служба или лично на следната адреса:
УНДП Северна Македонија
Регионална програма за локална демократија на ЗападенБалкан 2 (ReLOaD 2)
Јордан Хаџи-Константинов Џинот 23,
1000 Скопје
Краен рок за поднесување апликации е 21 мај 2021, до 17часот. На апликациите поднесени по пошта треба да има поштенски печат кадешто се потврдува дека апликацијата е поднесена пред истекот на официјалниотрок. Апликациите кои ќе бидат поднесени на друг начин (на пр. Факс или е-пошта)или по истекот на официјалниот рок, нема да бидат земени предвид.
No comment yet, add your voice below!