Skip to content

Thirrje publike për shfaqjen e interesit për pjesëmarrje në Programin rajonal për demokraci rajonale në Ballkanin Perëndimor 2 (ReLOaD2)

DATA

November 4, 2021

Kategoritë

Јавен повик за искажување интересна општини од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен,Североисточен и Вардарски регион  за учество во Регионална програма залокална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2)

Регионалната програма за локална демократија 2(ReLOaD2), проект кој е финансиран од Европската унија (ЕУ) а го спроведуваПрограмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започна на 1 јануари 2021година. Во текотот на следните 4 години проектот ќе има за цел да ја зајакнепартиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ прекузајакнување на граѓанското општество и младите со цел активно учество водонесувањето одлуки како и подобрување на правното и финансиското опкружувањеза граѓанските организации (ГО). Проектот е финансиран од Европската унија, одИнструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупната вредност на проектот е 13милиони евра, а вредноста на компонентата за Северна Македонија е 1,24 милиониевра.

 

Општините од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен,Североисточен и Вардарски регион кои не учествуваа во претходната фаза наReLOaD проектот се поканети да изразат интерес за учествуво во ReLOaD2. Со овојјавен повик, ќе бидат избрани 5 партнерски општини кои ќе бидат поддржани вопонатамошниот развој за транспарентно финансирање на проекти на ГОи.

 

Поднесување на апликацијата ирокови

 

Условите за пријавување и критериумите за избор на партнерски општини сеопишани во Упатството за апликанти (Група 2). Сите документи, составен дел наапликацијата, се објавени на следните веб-страници: www.mk.undp.org , www.zels.org.mk. Повикот е отворен вопериодот од 20 април 2021 година до 21 мај 2021 година.

 

Информативните сесии за јавниот повик ќе се одржат преку платформата ЗООМна 29 април и 6 мај, а дополнителните информации за овие сесии ќе бидатобјавени на горенаведените веб-страници.

Документацијата за апликацијата треба да се поднесе во една (1)оригинална копија и една електронска копија (CD или USB) во запечатеноплико по препорачана пошта, преку курирска служба или лично на следната адреса:

 

УНДП Северна Македонија

Регионална програма за локална демократија на ЗападенБалкан 2 (ReLOaD 2)

Јордан Хаџи-Константинов Џинот 23,

1000 Скопје

 

Краен рок за поднесување апликации е 21 мај 2021, до 17часот. На апликациите поднесени по пошта треба да има поштенски печат кадешто се потврдува дека апликацијата е поднесена пред истекот на официјалниотрок. Апликациите кои ќе бидат поднесени на друг начин (на пр. Факс или е-пошта)или по истекот на официјалниот рок, нема да бидат земени предвид.

 

За дополнителни информации или појаснување,потенцијалните апликанти можат да испратат барање со предмет „Проект ReLOaD 2“на registry.mk@undp.org . Прашањаможе да се поставуваат во период до пет дена пред истекот на рокот заподнесување апликации. Одговорите на прашањата ќе бидат дадени во писмена формаво рок од три работни дена по приемот

Ndani:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy