Цели на проектот
Општа цел:
Основна цел на проектот е подобрување на капацитетите на јавните комунални претпријатија во Југозападниот плански регион преку набавка на опрема. Спроведувањето на проектните компоненти ќе придонесе да се подобрат услугите за сите корисници во 5-те општини од Регионот.
Специфични цели:
Подобрување на услугите на јавните комунални претпријатија во 5-те општини од Регионот, преку набавка на нова и современа опрема – возила, механизација и други вид на средства за зајакнување на капацитетите.
Стратешки цели:
Повисоки стратешки цели кое се остваруваат со реализацијата на овој регионален проект се однесуваат на следните цели:
- Подобрување на квалитетот на услугата на јавните комунални претпријатија
- Подобрувања во ефикасноста на работењето
- Намалување на трошоците при работа на ЈКП преку набавка на поефикасна опрема
- Намалување на загуба на вода и подобрување на економската состојба на претпријатијето;
- Намалување на загадување на животната средина преку третирање на отпадните води
- Подобрен квалитет на живот на локалната заедница
Резултати:
- Набавени 2 мали возила за собирање отпад
- Набавени: 1 професионален апарат за детекција на дефекти на водоводни цевковои со комплет придржна опрема
- 1 професионален електричен ударен чекан – кршач за бетонски препреки,
- 1 Режач за пилинг на ПЕ цевки со профил Ø 110-500 мм,
- 1 Режач за пилинг на ПЕ цевки со профил Ø 63-110 мм
- Набавени 700 канти за отпадоци 120 l
- Набавен 1 мини багер
- Набавени и инсталирање на 3 пумпи во пречистителна станица и
- набавка на 1 мулчер.
Извештај за реализација на проектот

