Економија и МСП, земјоделие и рурален развој

ЈЗПР ДА ЈА УНАПРЕДИ СВОЈАТА ЕКОНОМИЈА И РОДОВИОТ ПАРИТЕТ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА КОМПАРАТИВНИТЕ ПРЕДНОСТИ НА ЧОВЕЧКИТЕ И МАТЕРИЈАЛНИТЕ РЕСУРСИ, ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА, ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ ВО МСП СО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ, ЗНАЕЊЕ И ИНОВАТИВНОСТ, ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ И ОДРЖЛИВОСТ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

Приоритет 1.1 – Зголемување на конкурентноста на регионалната економија

  • Мерка 1.1.1 – Поттикнување на претприемничкиот дух кај младата и особено женската популација преку обуки и поддршка за ИКТ и старт-ап нови бизниси
  • Мерка 1.1.2 – Креирање информациски систем за развој на иновации во регионот
  • Мерка 1.1.3 – Поттикнување на здружување и формирање на кластери
  • Мерка 1.1.4 – Поттикнување на можностите за искористување на домашни и странски извори за финансирање на МСП
  • Мерка 1.1.5 – Брендирање на стоки и услуги препознатливи за регионот

Приоритет 1.2 – Јакнење и осовременување на МСП секторот

  • Мерка 1.2.1 – Поттикнување на иницијативи за структурни промени на МСП секторот во регионот
  • Мерка 1.2.2 – Поттикнување паметна специјализација за економски развој на регионот
  • Мерка 1.2.3 – Зачувување на традиционалните занаети и развој на бизниси во рурални средини
  • Мерка 1.2.4 – Поттикнување размена на искуства и знаење помеѓу субјекти од земјата и странство, 
  • Мерка 1.2.5 – Поттикнување на женско претприемништво

Приоритет 1.3 – Зголемување на инвестициите во регионот

  • Мерка 1.3.1 – Мапирање на инвестициски потенцијали во регионот
  • Мерка 1.3.2 – Поттикнување на средби на бизнис заедницата со потенцијални инвеститори
  • Мерка 1.3.3 -Организирање настани за промоција на бизнис секторот

Приоритет 1.4 – Унапредување на просторот преку развој на инфраструктурата

  • Мерка 1.4.1 – Изградба и реконструкција на патната инфраструктура во регионот
  • Мерка 1.4.2 – Поттикнување и развој на ИКТ инфраструктура во регионот
  • Мерка 1.4.3 – Изградба и осовремување на комуналната инфраструктура во регионот
  • Мерка 1.4.4 – Подготовка на техничка документација за инфраструктура

Приоритет 1.5 – Земјоделство и рурален развој

  • Мерка 1.5.1 – Креирање модерен и продуктивен земјоделски сектор во регионот
  • Мерка 1.5.2 – Надминување на актуелните проблеми во земјоделскиот сектор со цел негово осовременување
  • Мерка 1.5.3 – Поттикнување и развој на органска храна
  • Мерка 1.5.4 – Промоција на препознатливи земјоделски и сточарски производи од регионот и нивно брендирање
  • Мерка 1.5.5 – Мерки за надминување на последиците од климатски промени во земјоделскиот сектор
  • Мерка 1.5.6 – Стимулативни мерки за подигнување автофтони земјоделски насади и одгледување автохтони раси

Образование и социјален развој

КОНКУРЕТНТО ОБРАЗОВАНИЕ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ, БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ, УНАПРЕДУВАЊЕ НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ОБРАЗОВАНИЕ И СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ НА ГРАЃАНИТЕ, ВО НАСОКА НА НАМАЛУВАЊЕ НА ОДЛИВА НА МЛАДИ И ДЕПОПУЛАЦИЈА, СО ПРОДУКТИВНО ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛАНА ЗГРИЖЕНОСТ НА ДЕЦА, ИЗНЕМОШТЕНИ И СОЦИЈАЛНО ЗАВИСНИ ЛИЦА И РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

Приоритет 2.1 – Подобрување на квалитетот на образованието и прилагодување на потребите согласно барањата на пазарот на трудот

 

  • Мерка 2.1.1 – Иницирање на наставни програми според потребите на бизнис секторот, односно пазарот на труд

    Мерка 2.1.2 – Опремување на средните училишта со соодветни современи лаборатории и кабинети

  • Мерка 2.1.3 – Поттикнување на иноваторството во средното образование
  • Мерка 2.1.4 – Подигнување на капацитетот на наставниот кадар во средните училишта, и
    вклучување во образовните програми на ЕУ, и
  • Мерка 2.1.5 – Воведување на кариерна ориентација во средните училишта ослободена од родовите
    стереотипи

Приоритет 2.2 – Поттикнување соработка помеѓу образованието и бизнис секторот

  • Мерка 2.2.1 – Поттикнување задолжителна практична настава во средните училишта
  • Мерка 2.2.2 – Посети на саеми на техника и технологија наменети за средните стручни училишта
  • Мерка 2.2.3 – Креирање на бази на потребни профили од средното образование во АВРМ и нивно
    посредување во процесот на понуда и побарувачка
  • Мерка 2.2.4 – Преквалификација, доквалификација, доживотно учење согласно потребите на бизнис
    сектороти
  • Мерка 2.2.5 – Програма за менторство и практиканство особено за девојки во STEM (инжинерство, технологија, индустрија),
    а за момчиња во образование, социјална заштита и социјални грижи.

Приоритет 2.3 – Спречување на одлив на млади стручни кадри од регионот

  • Мерка 2.3.1 – Креирање погодности за вработување на млади образовани лица преку државни
    стимулативни мерки кои ќе ги спроведуваат општините
  • Мерка 2.3.2 – Креирање на стимулативни мерки за вработување на млади лица во рурални средини
  • Мерка 2.3.3 – Стимулативни мерки за вработување и решавање на социјалните услови за лица
    повратници

Приоритет 2.4 – Еднакви можности за сите на пазарот на труд

  • Мерка 2.4.1 – Стимулативни мерки за вработување на женската популација
  • Мерка 2.4.2 – Креирање услови за достапност на работни места за социјално ранливите категории
  • Мерка 2.4.3 – Социјалната инклузија како предизвик во ЕУ интеграциите
  • Мерка 2.4.4 – Подржување на принцип на солидарност за најранливите категории во општеството

Приоритет 2.5 – Еднаква достапност на услуги за сите граѓани во регионот

  • Мерка 2.5.1 – Подигнување на квалитетот на социјални услуги и достапност за сите категории граѓани
  • Мерка 2.5.2 – Подобрување на примарната здравствена заштита во руралните средини во регионот
  • Мерка 2.5.3 – Социјална инклузија на стари изнемоштени лица
  • Мерка 2.5.4 – Социјална инклузија за социјално исклучени категории граѓани преку отворање дневни центри за згрижување
  • Мерка 2.5.5 – Создавање на услови за прифаќање на децата во детски јасли и градинки
  • Мерка 2.5.6 – Зголемување на опфатеноста на учениците и студентите во организирани сместувачки капацитети – домови

Туризам, културен развој и заштита на животната средина

УНАПРЕДЕНИОТ ТУРИЗАМ, ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, ЗАШТИТЕНАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА И КОРИСТЕЊЕ НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА СЕ ФАКТОРИ ЗА ПРЕПОЗНАТЛИВ ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ВО ЈЗПР

Приоритет 3.1 – Подобрување на достапноста и уреденоста на туристичките локалитети

  • Мерка 3.1.1 – Изработка на урбанистичко-планска документација за уредување на туристичките локалитети во регионот
  • Мерка 3.1.2 – Мапирање на природни и културни реткости во регионот
  • Мерка 3.1.3 – Патна инфраструктура до туристички локалитети адаптирана за лица со посебни потреби
  • Мерка 3.1.4 – Обезбедување информации, сигнализација и визуелизација на туристички атракции
  • Мерка 3.1.5 – Ревитализација на значајни локалитети од природното и културното наследство

Приоритет 3.2 – Надминување на сезоналниот карактер на туризмот во регионот

  • Мерка 3.2.1 – Креирање регионални  туристички пакети
  • Мерка 3.2.2 – Редистрибуција на посетителите од познатите туристички центри во останатиот дел од регионот
  • Мерка 3.2.3 – Привлекување на домашни и странски инвестиции за развој на сместувачки капацитети во внатрешноста на регионот
  • Мерка 3.2.4 – Развој и унапредување на локалните манифестации, атрактивни за домашните и странски посетители во текот на целата година

Приоритет 3.3 – Поттикнување и развој на алтернативни форми на туристички активности и услуги

  • Мерка 3.3.1 – Развој на планинскиот туризам во регионот

  • Мерка 3.3.2 – Унапредување на спелеолошкиот туризам во регионот
  • Мерка 3.3.3 – Развој и унапредување на можностите за зимски активности во регионот
  • Мерка 3.3.4 – Развој и унапредување на агро-туризмот во регионот
  • Мерка 3.3.5 – Развој на локални бизниси како поддршка за туристичките активности во внатрешноста во регионот

Приоритет 3.4 – Подобрување на управувањето со туристичките дестинации

  • Мерка 3.4.1 – Креирање планови од страна на ЕЛС за управување со дестинации

  • Мерка 3.4.2 – Обука на кадар потребен за управување со туристички дестинации
  • Мерка 3.4.3 – Привлекување средства за уредување на локални туристички дестинации
  • Мерка 3.4.4 – Маркетинг стратегии за промовирање на локални туристички дестинации
  • Мерка 3.4.5 – Креирање локални понуди за посета на туристички дестинации

Приоритет 3.5 – Заштита на животната средина

  • Мерка 3.5.1 – Воспоставување на интегриран регионален систем за управување со отпад

  • Мерка 3.5.2 – Мерки за решавање проблем со кучиња скитници во регионот
  • Мерка 3.5.3 – Заштита на биодиверзитетот во регионот
  • Мерка 3.5.4 – Мерки за заштита од загадување на амбиенталниот воздух
  • Мерка 3.5.5 – Мерки за заштита од загадување на водите
  • Мерка 3.5.6 – Мерки за заштита од загадување на почвата
  • Мерка 3.5.7 – Преземање мерки за надминување на проблемите од климатските промени
  • Мерка 3.5.8 – Мерки за справување со ризици од елементарни непогоди

Приоритет 3.6 – Подобрување на енергетската ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија

  • Мерка 3.6.1 – Стимулативни мерки за користење на обновливи извори на енергија  
  • Мерка 3.6.2 – Намалување на користењето на фосилните горива како енергенси во индустријата и домаќинствата
  • Мерка 3.6.3 – Подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти
  • Мерка 3.6.4 – Стимулативни мерки за енергетска ефикасност во домаќинствата
  • Мерка 3.6.5 – Поддршка на иницијативи за производство на алтернативни еколошки енергенси