Skip to content

БИЗНИС ЦЕНТАР – проширување на функциите на Центрите за развој

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот
Главната цел на проектот е зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка а малите и средни претпријатиа и на претприемништвото. Во првата фаза на имплементација на проектот, што се одвиваше во периодот од почетокот на ноември 2014 година до крајот на септември 2015 година, реализирани се следниве активности: Изработена електронска регионална база на податоци за институции и фирми што нудат услуги за развој на приватниот сектор; Изработена електронска регионална база на податоци за достапните “греенфиелд” и “броунфилд” локации; Изработен Водич за инвеститори, вклучувајќи стратешки цели на Регионот во однос на развој на определени сектори и контакти со испорачатели на услуги за поддршка на потенцијалните инвеститори; Збирка на слободни индустриски зони на ниво на плански регион, вклучувајќи ги сите индустриски зони кои се дел од Регионот и нивните карактеристики; Изработена и публикувана Програма за развој на мали и средни претпријатиа во Југозападниот плански регион со Акциски план и Комуникациска стратегија, и Изработен интерактивен ВЕБ портал за инвестирање во регионот www.investinsouthwest.mk во кој што се внесени електронски бази на податоци што се креирани со Водичот за инвестирање.
Очекувани резултати од проектот
-Организирани четири информативни средби и две обуки за 215 претставници од бизнис секторот;
-Изработена и публикувана Програма за развој на мали и средни претпријатиа со Акциски план и Комуникациска стратегија, на три јазици – македонски, албански и англиски;
-Изработен Водич за инвеститори со Збирка на слободни индустриски зони на три јазици – македонски, албански и англиски;
-Изработен и публикуван интерактивен ВЕБ портал за инвестирање во регионот www.investinsouthwest.mk;
-Реализирана обука за Управување со градежно земјиште и просторно планирање, на која активно учествуваа 46 учесници од општините во Југозападниот и Полошкиот плански регион;
-Подобрени условите за водење бизнис за 6770 активни мали и средни претпријатиа во Регионот.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram