Skip to content

Изведба на енергетски ефикасни објекти и употреба на обновливи извори на енергија во ЈЗПР

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

октомври 28, 2020

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

Цели на проектот
Намалувањето на потрошувачката на електрична и топлинска енергија преку замена на прозори, изолација на кров и поставување на оларен систем за подготовка на санитарна топла вода е основната цел на проектот реализиран во три јавни објекти во општините Струга – ООУ “Браќа Миладиновци”, Дебар-ЈОУДГ “Брешиа” и Кичево-СОУ “Мирко Милески”.
Реализацијата на проектните активности во трите споеманти јавни објекти во регионот значително ја намали потрошувачката на енергија, а со тоа и трошоците на овие едукативни установи. Исто така, во голема мера се подобрени условите за настававо наведените училишта во Струга и Кичево, како и условите за попријатен дневен престој на децата во детската градинка во Дебар. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развојза 2015 година.
Резултати од проектот
– Замена на стари прозори со нови 86 ПВЦ прозори во две училишта (Струга и Кичево), со вкупна површина од 540 м2;
– Реконструкција и Изолација на кровот на спортската сала во Струга, со вкупна површина од 320 м2;
– Инсталиран централен систем за санитарна топла вода во ЈОУДГ “Брешиа” -Девар составен од 10 топлински цончеви колектори, прв резервоар за топла вода од 1000л и втор резервоар за топла вода од 500л, со вградени електрични греачи и разводна инсталација за топла вода;
-Подобрени услови за работа на 1330 корисници во ООУ “Браќа Миладиновци” – Струга;
-Подобрени услови за работа на 3230 корисници во СОУ “Мирко Милески”;
-Подобрени услови за престој и работа на 260 корисници во ЈОУДГ “Брешиа”-Дебар.

Галерија

Парнерски општини: /
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram