Краток опис
Во соработка со Општина Охрид, Центарот за развој и економскиот оператор работеше на прибирање на потребната документација за изработка на Основниот и Инфраструктурниот проект за решавање на проблемот со отпадни води во населба Трпејца, Охрид. Со Основниот проект и Проектот за линиска инфраструктура се опфатени пречистителни станици, примарна и секундарна канализациона мрежа но н.м. трпејца, едно од најатрактивните туристички места на Охридското крајбрежје. Проектот е финансиран преку Шемата за грантови базирана на перформансите, имплементирана од ГИЗ РЕД Програмата и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Резултати
– Ажурирани геодетски подлоги;
– Геодетски елаборат;
– Геомеханички елаборат;
– Урбанистичко-планска документација;
– Проект за линиска инфраструктура;
– Основен проект за примарна и секундарна канализација;
– Основен проект за пречистителна станица;
– Ревизија на проект за линиска инфраструктура;
– Ревизија на основни проекти за примарна и секундарна канализација и пречистителна станица.