Skip to content

Реконструкција на патната инфраструктура со цел подобрување на туристичката понуда

Состојба на проект

Инфраструктура

Датум на отпочнување

ноември 27, 2023

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

20838563

Цели на проектот:

Општа цел:

Општата цел е поддршка на регионалниот економски развој и подобрување на туристичката економска дејност преку изведба на клучни инфраструктурни подобрувања на патната мрежа и активности за економско поврзување во Регионот. Спроведувањето  на проектните компоненти ќе придонесе за значителни економски придобивки на ниво на регионалната економија, како и за квалитетот на живот во поизолираните рурални области.

 

Специфични цели:

  • Реконструирани и рехабилитирани три краци во должина од 1,270 m од патната мрежа во н.м. Мал Папрадник во Центар Жупа со што се овозможува побезбеден и подобар пристап за постителите до бреговите на Дебарското Езеро
  • Реконструиран дел од локалната улица „Трафо-Бубаној-Смолејца“ во должина од 420 m со што се подобрува пристапот до рекреативните места надвор од селото како што е Јанков Камен и туристичката населба Горна Белица, патеките на Јабланица, како и до глацијалните форми – Вевчанска локва и Подгоричко Езеро
  • Со изведбата на нови улици во Лисичани и Преглово во должина од 557 m ќе се подобри пристапот до бреговите на Треска, а ќе се создадат услови за развој на локални туристички активности од страна на месното население, и
  • Реконстриураната улица „206“ со должина од 180 m во населбата Венец 2  во Дебар ќе овозможи подобар пристап, и олеснет транспорт на стоки и услуги до плажите  и туристичките објекти на северниот дел од Дебарското Езеро.

 

Резултати:

  1. Зголемен број на туристи (домашни и странски)
  2. Скратено време на транспорт за бизнис и лична комуникација, оперативни трошоци за транспорт

 

Извештај за реализација на проектот

Галерија

Парнерски општини: Општина Вевчани, Општина Центар Жупа, Општина Дебар, Општина Пласница
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram