На ден 22.12.2025г, во Охрид, се одржа и се конституираше новиот состав на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На конститутивната седница се изврши верификација на мандатите на градоначалниците од Југозападен регион како и се избра Претседател на оваа тело. Градоначалникот на Општина Охрид, г. Кирил Пецаков беше избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, кој, согласно Законот за рамномерен регионален развој, ќе биде на оваа функција со мандат од една година.
Исто така, во продолжение се одржа и првата седница на Советот за развој, на која се усвоија точките за Овластување на Претседателот на Советот за потпишување на оглас за избор на членови на советот за развој од здружениата на граѓани и од бизнис секторот, Формирање на Комисија за избор на член од здружениата како и Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2026 година.
На седницата, исто така, се дискутираше и за проектите со кои Центарот за развој ќе аплицира во 2026 година по разни програми.
– Покана и дневен ред
-Финансиски план за 2026 година
No comment yet, add your voice below!