Skip to content

Конститутивна и Прва седница на Советот за развој

ДАТУМ

декември 25, 2025

Категории

На ден 22.12.2025г, во Охрид, се одржа и се конституираше новиот состав на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На конститутивната седница се изврши верификација на мандатите на  градоначалниците од Југозападен регион како и се избра Претседател на оваа тело. Градоначалникот на Општина Охрид, г. Кирил Пецаков беше избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, кој, согласно Законот за рамномерен регионален развој, ќе биде на оваа функција со мандат од една година.   Исто така, во продолжение се одржа и првата седница на Советот за развој, на која се усвоија точките за Овластување на Претседателот на Советот за потпишување на оглас за избор на членови на советот за развој од здружениата на граѓани и од бизнис секторот, Формирање на Комисија за избор на член од здружениата како и Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2026 година.   На седницата, исто така, се дискутираше и за проектите со кои Центарот за развој ќе аплицира во 2026 година по разни програми.   – Покана и дневен ред -Финансиски план за 2026 година

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy