Нов апарат за детекција на дефекти во водоводните цевки – ЈП Водовод Охрид
Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, на ЈП Водовод – Охрид му беше доделен современ апарат за детекција на дефекти во водоводните цевки, во вкупна вредност од 873.200,00 денари. Основната цел на овој апарат е да го намали губењето на водата за пиење преку лесно, брзо и прецизно детектирање на дефектите во водоводната мрежа.
Со набавката на оваа опрема значително се унапредуваат условите за работа, се овозможува поефикасно управување со системот, како и поквалитетни услуги за граѓаните на Општина Охрид. Истовремено, се очекува значително намалување на загубите на вода за пиење, кои во моментов изнесуваат околу 50%, што ќе придонесе за поодржливо користење на водните ресурси.
Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, во рамки на програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, го реализираше Центарот за развој на Југозападен плански регион.
No comment yet, add your voice below!